Активностите на Урбан Инвест од општествено одговорен карактер се вграден, само-регулирачки механизам со кој активно ја следиме усогласеноста со духот на законот, етичките стандарди и меѓународните норми. Целта на нашата корпоративно општествена одговорност е да ја прифати одговорноста за акциите на компанијата и да ги поттикне на позитивно влијание преку активности во животната средина, со потрошувачите, вработените и заедниците.
Еден од главните приоритети на Урбан Инвест како компанија е да се почитуваат правилата за етичко, морално, чесно, фер, здраво и респектабилно однесување со еднакви можности за сите, преку грижа за другите членови на заедницата, на кои тоа им е најпотребно. Поради тоа преку општествено корпоративната платформа, Урбан Инвест постојано се труди во рамките на можностите да пружи помош и да придонесе за подобро општество и околина за живеење од секој вработен, до менаџментот, целта е да се изгради етичка деловна култура и да ја применува во сите сегменти на делувањето.
Во Урбан Инвест, веруваме дека носиме значаен дел од одговорноста за општествениот просперитет и прогрес.
Наша цел е да ја подобриме социјалнта димензија и околината во која што живееме. Како одговорен и активен учесник во општеството, се трудиме да ги вклучиме нашите вработени, купувачи, добавувачи и бизнис партнери во најразлични иницијативи и програми кои придонесуваат за развој на Македонското општество.
Веруваме дека делата говорат погласно од зборовите, а преку етиката и естетиката на нашето работење , настојуваме да ја оствариме позицијата на достоен член на нашата заедница.
ПАВЕР
TERASTONE