УРБАН ИНВЕСТ И СОФУРБАН НА 10та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТРАНСПОРТНА ИНФРАСТРУКТУРА

По иницијатива на УАСГ во партнерство со Бугарската браншова комора “Патишта” и Друштвото
“Бугарски форум за транспортна инфраструктура” во град Несебар се спроведе Десетата меѓународна конференција за транспортна инфраструктура”.
Конференцијата траеше од 12ти до 14ти Октомври 2017 година на која беа поканети над 400 годсти од 20 држави.

На Форумот говор одржаа: Министрите Ивајло Московски на ПТИТС , Николај Нанков на МРРБ, Ректорот при УАСГ проф.Иван Марков и раководителот на катедрата “Патишта” Николај Михаилов .
Исто така присуствуваа претставници на АПИ,КСБ,Метрополен и претставници од Македонија.
Голем дел од поканетите гости беа и компании од Бугарија и Македонија  од секторот за градежништво.На јубилејната конференција со свој штанд се претставија Урбан Инвест од Македонија и Софурбан од Бугарија каде ги промовираа новитетите во производството на вибро-пресованите бетонски плочи и дискутираа на темата “Современи решенија за тротоари, заштеда на парични средства и урбано подобрување на градската средина“.
Присуството на водечките производители во Македонија и Бугарија за овој вид инфраструктурни градежни производи предизвика голем интерес кај гостите и учесниците на конференцијата, истата беше високо оценета од страна на организаторите и партнерите.