Почитувани,
Ве информирам дека Агенцијата за млади и спорт на 03.06.2015 година, организираше прием со членовите на македонската карате репрезентација за деца од 11-14 години, кои остварија одлични резултати и освоија 22 медали на неодамна одржаното Балканско првенство во Херцег Нови, Црна Гора со Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Како дел од репрезентацијата на приемот присуствуваа и членовите на нашиот клуб Владанка Аврамова. Ивона Муфтарова и Миа Маневска, кои на Балканското првенство освоија бронзен медал во категоријата ката тим 2001/2002, а додека Владанка освои бронзен медал и во поединечна конкуренција.