Имате за цел кариера во компанија со заеднички вредности, тимска работа и вреднување на вашата посветеност?
Урбан Инвест ќе ви обезбеди работна средина каде што квалитетот се почитува и наградува и каде што ќе бидете охрабрени да го развивате вашиот талент и интерес. Наша политика е да ви обезбедиме поддршка и сигурна работна средина, која нуди рамноправни можности за вработување.
Во Урбан Инвест бараме талентирани луѓе со вистински став за да обезбедиме најдобра солуција за комуникација на нашите корисници.
Континуиран развој
Нашата компанија се обврзува на континуирана надоградба, едукација и развој за нашите вработени. Тие се сржта на нашиот растечки бизнис, а нашата конкурентност се состои во нивната флексибилност, способност и одговорност кон нашите клиенти. Токму затоа, ние сме во постојана потрага на нови начини за поддршка, обука и усовршување на нашите луѓе.
Нашата работна средина
Во Урбан Инвест ја согледуваме важноста на тоа да се биде поврзан. Напорно работиме на усовршување на односите на Урбан Инвест со неговите вработени во креирањето на работна средина, каде секој вработен се чуствува дека припаѓа. Им даваме можност на нашите вработени да работат во средина каде нивните вредности ќе бидат навистина ценети.
Контакти за кариера
Урбан Инвест формира база на податоци во која се сите оние кои аплицираат за работа. Во согласност со Вашите способности и искуство и Вие можете да бидете контактирани од нас, при првото наредно отворено работно место.
Ве охрабруваме да го пратите Вашата Деловна Биографија (CV) и Писмо на Интерес (Letter of Interest) на bgjorgjieva@urbaninvest.com.mk.