Интервју со Јован Грков, основач и сопственик на „УРБАН ИНВЕСТ“

Урбан Инвест важи за добро позната и етаблирана компанија која веќе долги години гради успешна приказна. Mоже ли да ни раскажете накратко за историјата за Урбан Инвест?

Компанијата Урбан Инвест е основана во 1990 година и важи за најголем производител на Павер елементи и Terastone плочки во Македонија и на Балканот. Во текот на изминатите 27 години, Урбан Инвест преку својата диверзифицирана производствена програма, високо едуциран кадар нова софистицирана технологија и високо развиениот еколошки и социјален бизнис пристап, стана еден од главните учесници во индустријата во Македонија и окололните пазари. Во 1993 година направивме инвестиција во опрема за произвотсвто на бетонски Павер елементи со тоа Урбан Инвест стана единствен производител и изведувач од овој вид градежни материјали во Македонија. Во 2000 година , компанијата започна со производство на Terastone, последната генерација на “терацо” плочки. Во 2002 година, компанијата започнува и со проектирање и изградба на модерни станбени згради на неколку од нај- актрактивните локации во Скопје.  Асфалтирањето е уште една дејност со која Урбан инвест активно се занимава. При производство и вградување на асфалт се користи најсовремена опрема, најквалитетен материјал и професионален тим со цел изведба на трајни урбани висококвалитетни патишта ,улици , булевари и паркинзи. Во 2007 ма година во Бугарија е отворена фабрика за производство на Павер елементи, кој стана претпознатлив по квалитетот и има голем удел на Бугарскиот пазар. Како најнов производ на Урбан Инвест е мермерот. Урбан инвест инвестирашe во опрема за преработка на Мермер и тоа во најновата генерација на ЦНЦ Машини на пазарот , Breton CNC Машините.
За да се добијат најквалитетните и прецизно изработени производи покрај најновата технологија се користи и најквалитетниот мермер. Урбан инвест е препознатлив како водечка компанија во земјата, по повеќе фактори од кои најважен е квалитетот на услугата, а уште поважна е и можноста да се понудат производи со одличен естетски , функционален и ценовен квалитет.

Споменавте дека сте повеќе од 27 години на пазарот во Македонија. Која е формулата за градење и одржување на еден успешен тим во насока на зголемување на продук- тивноста на највисоко можно ниво?

Во основа станува збор за јасно де- финирање и пренесување на визијата, мисијата и целите на компанијата на сите страни кои учествуваат во процесот на целокупно функционирање, а чиј императив е продуктивноста, почнувајќи од добавувачите, вработените, па сé до дистрибутерите. Визијата на „Урбан Инвест“ е нашите производи, произведени со употреба на најсовремена технологија и домашни суровини да се продадат на глобалниот пазар. Мисијата, пак, е преку постојано истражување да бидеме во чекор со глобалните трендови кои се во нашата сфера на делување. Целите ги дефинира- ме врз основа на историски податоци, спроведени SWOT анализи и секако, желбите на купувачите. Градењето и одржувањето на успешниот тим се заснова на јасно пренесување на визијата, мисијата и целите, и тоа преку спроведување на обуки на месечно ниво за сите вработени, од работници, до раководители, преку константно потсетување дека купувачот е на прво место, а притоа нудејќи производ со највисок квалитет, понатаму дека купувачот е тој кој ги полни нашите џебови, дека во секој случај треба сите ние да се ставиме во улога на купувачи кога се подготвуваме за производство, го контролираме и испорачуваме бараниот производ и се разбира преку стручни препораки во однос на квалитетот за безбедно управување и успешно одржување. Колку повеќе време посветуваме на градење и одржување на свесноста за сé погоре споменато, толку повеќе придонесуваме за зголемување на продуктивноста. Од особена важност е и нивото на комуникација помеѓу сите сектори во рамките на компанијата, особено помеѓу тимот за маркетинг и развој на производи. Постојано потенцираме дека секој работник може да влијае на купувачот, постојано ги истражуваме желбите и потребите на купувачите, одржувајќи ја свесноста на нашите вработени за истото на високо ниво. Се спроведуваат обуки за чесен, емотивен и професионален однос, а одличното познавање на карактеристиките на целата производна програма е задолжително. Таквиот пристап и начин на однесување води до продуктивност и профитабилност на највисоко ниво. Применуваме и софтвери за достапност на информациите за потребите на сите сектори од компанијата кои ни овозможуваат брз проток на информации. На месечно ниво, а согласно годишниот бизнис план, одржуваме состаноци на кои планираме, организираме, анализираме и контролираме постигнати резултати и врз основа на анализите презе- маме корективни и превентивни мерки.

Добро познато е дека досегашните политики на претходниот владин состав, а може да се каже и на моменталниот, со во насока на привлекување на странски инвестиции како една стратешка определба на Македонија. Вие сте една од ретките компании што инвестира не само во Македонија, туку и надвор. Кои се предизвиците со кои се соочувате и во кои држави сте присутни како компанија со своите производи?

Предизвиците со кои се соочуваме во Македонија би ги поделил во неколку подгрупи:
Финансиски – скапи кредити за опрема и оперативни почетни средства; високо оптеретување со ДДВ при увоз на опрема; без поддршка на извоз; скапо одржување на опремата преку царинските процедури.
Бренд – создавањето на бренд во Македонија, па и на Балканот е многу тешка и макотрпна задача. Развиените земји каде што претендираме да го пласираме нашиот производ имаат недовеба во самиот регион, во постојаноста на квалитетот, динамиката на испорака и финансиските потенцијали како производители. Искуството покажува дека се потребни и до три години за да успееме да воспоставиме партнерски односи со нашите купувачи. Мојот став е дека ни се потребни кампањи преку саемски настапи, но како македонски производители со македонски штанд, па преку Македонија да ја градиме трговската марка.
Скапи суровини од домашниот пазар – Македонија е мала земја, мал пазар, па на тој основ суровините се и до 30% повисоки од оние во развиените земји. Енергијата е исто така скапа, а доста суровини и не ни се достапни, па мора да ги увезуваме при што транспортот значително влијае, а предвид треба да се земат и царинските процедури.
Со нашите производи присутни сме на целиот Балкан, Австрија, Швајцарија и Германија.
Во 2017 година во Бугарија, попрецизно во градот Перник кој е на 20 км од Софија, инвестиравме во производството на павер елементи, применувајќи најсовремена германска технологија. Предизвикот со кој се соочивме таму беше единствено создавањето на бренд за територијата на Бугарија. Применувајќи ги истите принципи за градење и одржување на успешен тим како и овде, во моментов може да се пофалиме дека држиме најго- лем процент од пазарот од Р.Бугарија со најголема доверба во нашиот производ. Не се судривме со проблеми од финансиски аспект, во смисла скапи кредити, увозот на опрема и резервни делови од земјите на ЕУ е слободен и без оптеретување за ДДВ и царински процедури, а достапни се и голем и конкурентен избор на суровини и евтина енергија.

Како и во сите индустрии, така и во оваа, технолошкиот развиток и иновациите се многу значаен елемемент. Кој е следниот чекор на Урбан Инвест на ова поле и дали може да се очекува инвестиција и зголемување на производниот капацитет во во овој сегмент?

Се разбира дека технолошкиот развој и иновациите се најзначајниот момент во нашата компанија, што впрочем е и наша мисија „постојано истражуваме“. Во компанијата технолошкиот развој и иновациите ги позиционираме на две нивоа и тоа прво, нови производи на постоечка инвестиција или со доградба на истата и второ, целосно нова инвестиција како нов и независен технолошки процес. Во бизнис планот за 2018 година имаме четири до пет производи како надградба на постоечкиот технолошки процес наменети за извоз, и исклучиво како резултат на испитувања на пазарот од страна на маркетингот во спрега со секторот за развој на нов произввод, како и инвестција во нов технолошки процес за преработка и доработка на мермерни блокови од нашиот светски познат мермер Сивец. Заокружувајќи ги тие две инвестиции очекуваме зголемување на производниот капацитет за околу 30%.

Кои човечки и менаџерски вештини се потребни, според Вас, за да се изгради една успешна кариера во оваа индустрија?

Пред сè стручност. Ако го познавате вашиот производ, ако го владеете, тогаш можете да го понудите на вашиот купувач и да ги задоволите неговите желби и потреби, а притоа да бидете профитабилни. Ние секогаш имаме изострена политика за производите и услугите со цел да го пронајдеме најсоодветниот производ. Свесни сме дека желбата купува,а задоволсвото е преку квалитетот на производот при што мораме да бидеме подготвени да ги препознаеме и овозможиме. Како личности мораме да бидеме чесни, да ја покажеме нашата емотивна интелигенција и доволно стручни за да ја понудиме најдобрата опција на производ за да ги задоволиме желбите и потребите на купувачите. Ако ги задоволиме тие нешта ќе бидеме успешни и профитабилни во нашата кариера.

Преземено од: kapital.mk