За нас

Историјат

Компанијата Урбан Инвест, основана во 1990 год., е најголемиот производител на Павер елементи и Terastone плочки во Македонија и Балканот. Во текот на изминатите 27 години, Урбан Инвест, преку својата диверзифицирана производствена програма, високо едуциран кадар, новата софистицирана технологија и високо развиениот еколошки и социјален бизнис пристап, стана еден од главните учесници во индустријата за градежни материјали во Македонија и на околните пазари.

Компанијата е основана од страна на Г-дин. Јован Грков, градежен инженер со големи амбиции и висок ентузијазам, кој во тоа време ги препозна пазарните можности во развојот на градежната индустрија во Македонија. На почетокот, дејност на фирмата беше проектирање и изградба на различни видови приватни објекти (куќи, бензински пумпи, паркинг простори и сл.).

Во 1993 Урбан Инвест, инвестираше во опрема за производство на бетонски Павер елементи (бетонски павер блокови, ивичњаци и други декоративни бетонски продукти) и стана единствен производител и изведувач на овој вид градежни материјали во Македонија. За кратко време, производите на компанијата станаа синоним за Павер елементи во Македонија (учеството на Урбан Инвест на овој пазар се проценува на повеке од 50%).

Во текот на изминатите 27 години, Урбан Инвест ги прошири своите бизнис активности и во други сегменти од градежната индустрија. Во 2000 година, компанијата започна со производство на Terastone, последната генерација на “терацо” плочки. Во 2002 година, компанијата започна и со проектирање и изградба на модерни станбени згради на неколку од најатрактивните локации во Скопје.

Производниот погон на Урбан Инвест се наоѓа во с. Возарци, во близина на Кавадарци, на површина од 15.000 м². Во моментот, Урбан Инвест има 125 вработени, добро обучен и високо квалифициран кадар.

Урбан Инвест е препознатлив како водечка компанија во земјата, по повеќе фактори, од кои најважен е квалитетот на услугата, а уште поважна е и можноста да се понудат производи со одличен естетски, функционален и ценовен квалитет.

Исто така можеме да се пофалиме дека сме една од ретките компании кои на своите потрошувачи им нуди целосен пост-продажен сервис (транспорт, подготовка за монтажа, монтажа).

За успешноста на оваа наша заложба говорат и илјадниците м² поплочени патеки, паркиралишта, уредени дворови, јавни установи и сл. Наш императив е квалитетот и долгиот век на траење на нашите производи. Затоа во процесот на производство во нашата компанија се работи по светски пропишани норми и стандарди.

Со најновите технологии да ги направиме нашите производи достапни и прифатливи на локално, регионално и меѓународно ниво.

Постојано истражување на технологии, производи и потреби на купувачите.

Повеќе од партнери

Зошто Урбан Инвест

Навремена испорака
на производи

Секогаш точни и прецизни. Ние сме една од ретките компании кои на своите потрошувачи им нуди целосен пост-продажен сервис (транспорт, подготовка за монтажа, монтажа).

Се соочуваме со
повеќе проекти

Секојдневно влегуваме во нови бизнис зделки и многубројни проекти. Нашиот труд е препознатлив и се повеќе баран и потребен.

Секогаш изработуваме
највисок квалитет

Препознатливи сме како водечка компанија во земјата, по повеќе фактори, од кои најважен е квалитетот на услугата. Со помош на нашиот обучен и високо квалифициран кадар, кавалитетот на нашиот производ е загарантиран.

Се прилагодуваме
кон потрошувачите

Главен приоритет на Урбан Инвест се клиентите. Тие се секогаш на прво место. Се прилагодуваме на нивните потреби и барања и спремни сме да ги задоволиме и потребите на најпребирливите потрошувачи