Урбан Инвест постојано инвестира и го усовршува процесот на работење и производство. Машините кои ги поседуваме со цел да ги задоволиме најразличните желби и барањеа на купувачите и да понудиме поширок спектар на производи се моќните Contourbreton NC260 K15, Contourfive NC700, Easycut Fe 600 и SJ2000A numerical control, за обработка на камен. Овие машини се дел од последните технолошки достигнувања во областа на градежништвото, поконретно во компјутерската обработка и обликување на каменот со највисока прецизност.
Contourbreton NC260 K15
е CNC машина специјaлно дизајнирана за обликување и обработка на камен со цел негова долготрајност, издржливост и идеална прецизност. Со својот компактен, ергономски и едноставен дизајн, и лесно подесување на нумеричкиот контролен центар, е многу барана и употребувана во градежниот сектор.
Технички карактеристики | ||
Димензии на работната маса | мм | 3.515 х 1.450 |
Оска Х димензии | мм | 3.500 |
Оска Y димензии | мм | 1.500 |
Оска Z димензии | мм | 260 |
Contourfive NC700
е машина со нумерички контролен центар и пет интегрирани оски, специјално дизајнирана за обработка и обликување на парчиња мермер, гранит, варовник, соединение од камен (пр.технички камен, терастоун), генерално камен. Ако сакате да произведете квалитетни, издржливи и совршено прецизни архитектонски или уметнички компоненти, оваа машина со леснотија ќе ги реализира вашите планови и нацрти.
Технички карактеристики | ||
Димензии на работната маса | мм | 3.500 x 1.970 |
Оска Х димензии | мм | 3.700 |
Оска Y димензии | мм | 2.800 |
Оска Z димензии | мм | 700 |
Оска “А” ротација | 0÷ +115˚ | |
Оска “C” ротација | ±200˚ |
Easycut Fe600
Технички карактеристики | ||
Димензии на работната маса | mm | 3.000 x 1.500 |
Оска X димензии | mm | 3.500 |
Оска Y димензии | mm | 3.600 |
Оска Z димензии | mm | 320 |
За повеќе информации околу машините и обработката на камен посетете ја веб страната на Breton: www.breton.it
SJ2000A numerical control
е исто така CNC машина со нумерички контролен центар која првенствено служи за сечење на камени блокови до висока прецизност.
Технички карактеристики | ||
Димензии на работната маса | мм | 2.000 x 1.300 |
Оска Х димензии | мм | 2.500 |
Оска Y димензии | мм | 2.000 |
Оска Z димензии | мм | 1.500 |
За повеќе информации околу оваа машина посетете ја веб страната www.wanlongstone.com